Со 69 гласа „за“ и еден „воздржан“ Собранието на Република Македонија во третото читање по втор пат го изгласа Законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот со името.
Единствен кој беше воздржан е пратеникот Ферид Мухиќ, додека пак опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на законодавниот дом.
Од партијата најавија кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, доколку ратификацијата биде објавена во Службен вестник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.