Не дурајте го слонот додека јаде. Тоа е лекција која ја научил турист додека бил на одмор на Тајланд.
Во видео снимката која кружи по интернет, туристот Коди Стинер нуди лисја на животивните во обид да му се доближи што повеќе.
Неколку секунди подоцна, во моментот кога туристот го допрел слонот тој го катапултирал во воздухот на моќните удари на својата сурла.
Мажот завршил врз кокос, но имал среќа да мине неповреден.
„Сиропатилиште“ за слонови стана светска атракција за туристите
Loading...
Како што пишува Дејли мејл, Коди се плашел дека слонот ќе го прегази, т.е. брзо станал и заминал од оваа место.
И покрај нивната величина, слоновите се познати како нежни суштества. Но, ако се вознемирани можат да бидат агресивни и повремено доживуваат напади на бес.
Според документарецот „Elephant Rage“ кој е прикажан на каналот Национална географија, секоја година околу 500 луѓе страдаат од напад на слон.