Ракета на астронаутите им достави храна, вода и робот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„SpaceX“ од Флорида во вселената ја лансираше ракетата „Falcon 9“ и роботот „CIMON“ кој работи со вештачка интелигенција.

Со ракета на астронаутите од Меѓународната вселенска станица испратена им е храна, вода и други намирници, пренесува Ројтерс.

CIMON е робот кој зборува англиски јазик, со големина на кошакарска топка со компјутерски екран на едната страна.

SpaceX го планира она што досега не им успеа ниту на Facebook ниту на Google

Loading...

Тој треба да помоге на германскиот астронаут Александар Гертс да изведува експерименти во вселенската станица.

– Тоа што ние сакаме да го постигнеме со роботот е дека се зголемува ефикасноста на астронаутот, рекол инжинерот Матис Биниок, еден од главните создавачи на вештачката интелигенција на CIMON.

Роботот е опремен со 14 внатрешни вентилатори кои ја покренуваат белата топка шмукајќи воздух на Меѓународната вселенса станица и исфрлајќи го за да топката се движи во било која насока.

Leave a Reply