Јосеф Ракич се потрудил својата девојка да ја запроси на спектакуларен начин кој секогаш ќе се раскажува.
Имено, тој изнамил стадион за да ја запроси својата поубава половина Мими. Парот на стадионот пристигнал со хеликоптер, а потоа следувало вистинското изненадување.
Јосеф првин на својата девојка и подарил розов „Ренџ Ровер“ изработен специјално за неа.
Додека таа се радувала на автомобилот, тој клекна да и подари огромен дијамантски прстен.
Девојка го запросила своето момче на неверојатен начин (видео)
Loading...
Шокираната девојка прифатила да се омажи за него, а сето тоа секако го снимиле и објавиле на интернет.
Парот истакнал дека е пресреќен поради венчавката, а нивниот голем ден стана хит во светот.
Иако на многумина ова им се гледа како премногу, сепак многу жени и завидуваат на Мими за спектаклот кој го добила.
https://www.instagram.com/p/BkIQmj_lwa-/?utm_source=ig_embed