Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Псарадес го потпишаа договорот со кој се става крај на 25-годишниот спор помеѓу двете држави.
На договорот свој потпис стави медијаторот Метју Нимиц, а со него се предвидува промена на името на нашата држава во Република Северна Македонија.
Свои излагања имаа премиерите на двете држави и медијаторот Нимиц, каде присуствуваат и високи претставници на ЕУ, Федерика Могерини и Јоханес Хан.
Вториот дел од церемонијата ќе се одржи на македонска страна со свечен ручек и билатерална средба.