Тешко е да се поверува дека во светот постојат фарми на кои се одледуваат генетски изменети кози кои даваат пајакова свила, слонови од чиј што измет се вадат зрна кафе или тигрови кои се користат за исхрана. Поголемиот дел од ваквите фарми се трн во око за борците за права на животните, кои настојуваат да ги затворат.
1. Кози кои даваат пајакова свила.
На државниот универзитет во американската сојузна држава Јутна сместена е фарма за кози. Меѓутоа, тоа не се обични кози, туку генетски изменети животни, чија ДНК е вкрстена со онаа од пајак.
И покрај тоа што изгледаат како и сите други кози, тие даваат млеко кое содржи пајакова свила, која научниците подоцна ја извлекуваат од млекото. Таа се користи исклучиво за издржливи производи, како најлон за риболов, панцирна опрема, хирушки конец и падобрани.
Loading...
2. Кафе од измет на слон
На Тајланд, сместена е необична фарма за слонови. На неа, за среќа, не одгледуваат слонови за човечка исхрана, туку за да јадат и делумно варат зрна кафе.
Потоа, работниците на фармата имаат многу тешка задача пребарувајќи низ изметот и барајќи ги делумно сварените зрна. Тоа кафе потоа се продава за неверојатни 500 долари за половина килограм.
3. Тигри наменети за човечка исхрана
Кинеското планинско село Сјонгсен е дом за една од најпознатите и најконтроверзните фарми на која се одгледуваат тигри.
Денес во светот има помалку од 3.500 примероци од тие величенствени животни, а многумина предупредуваат дека тигрите се се помалку затоа што месото од тие животни се користи за исхрана.
Токму поради тоа експертите и борци за заштита на правата на загрозените животни бараат затворање на таквите фарми, во кои, до рпед година дена, можеле да се купат бифтеци од тигри. За жал, фармата и натаму работи.
Loading...
4. Супа од гнездо на чиоп
Во Џорџтаун во Малезија последните децении фармите за чипи станаа прилично добар бизнис. Ненаселените или напуштените простори, обично во урбана средина, се прилагодуваат за да се создаде совршена околина за гнезда на чиопи.
Гнездата подоцна служат како деликатес со чиопи во нив (или без нив), а некои делови (од стврднатата птичја плунка) се користат за правење на исклучително популарна супа.
Ширум Кина, гнездата на чипи со векови се сметаат за делиактес, а во Џорџтаун, престолнината на малезиската држава Пенанг, „фармерите“ на чиопи заработуваат милиони долари годишно.
Бизнисот е толку развиен што здравствените организации веќе неколку пати ги предупредуваат локалните власти за сериозни ризици врз здравјето на луѓето, а УНЕСКО разгледува да го повлече статусот на заштита.