Сите земји кои имаат усвоено забрана за носење бурка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Данскиот парламент последниот ден од мај гу освои законот со кој се забранува носење облека која го прекрива лицте, како муслиманските велови никаб и бурка. Со тој чекор, Данска се приклучи на некои европски земји кои претходно воведоа такви забрани.

Законот во Данска стапува на сила на 1. август, а за непочитување ќе следува казна од 134 евра.

 

Loading...

 

Законот познат и како „забрана за бурка“ сличен е со оние кои веќе се усвоени во Австрија, Франција и Беглија. Покрај овие земји, во светот носењето бурки го имаат забрането и Летонија, Бугарија, Норвешка, Германија, Турција, Канада, Кина, Мароко, Камерун, Чад, Габон и Конго-Бразавил.

Во некои земји е целосно, а во некои делумно забрането носењето на бурки и никаб.

Франција

Франција е првата европска земја која го има забрането прекривањето на лице на јавни места. Таа одлука ја донесе во април 2011. година, а за кршење следува казна од 150 евра.

Минатата година, неколку крајбрежни градови отишле чекор понатмау, па поради зачестените терористички напади забраниле носење и на буркини.

Белгија

Само неколку месеци по Франција и Беглија го усвои законот со кој се забранува носење облека која го прикрива идентитетот на јавно место.

На прекршителите им се заканува казна од седум дена затвор и скоро 140 евра.

Австрија

Забраната за покривање лице во Австрија стапи на сила на 1. октомври минатата година. СО тој закон на жените им е забрането да носат никаб или бурка на јавни места, вклучувајќи и универзитети, јавен превоз и судови.

За кршење на оваа забрана, предвидена е казна до 150 евра.

 

 

Летонија

Летонија законот со кој се забранува носењето на облека која прикрива лице го има усвоено во 2016. година. Веднаш предизвика потсмев, затоа што во тоа време, во целата земја само три жени носеле бурка.

Бугарија

Следејќи го примерот на поголемите парнери во ЕУ, Бугарија во 2016 година забрани носење на облека која го прекрива лицето во владини канцеларии, училишта и културни установи.

Законодавачите кои ја поддржаа оваа мерка, негираат дека таа е дискриминаторска. Како што наведуваат, намерата била да се помогне на земјата да одговори на потенцијални прашање за безбедноста кои ги носи мигрантската криза.

Норвешка

Минатата есен, Владата на Норвешка усвои закон со кој се забранува носење облека која прикрива лице и на тој начин го отежнува препознавањето. Забраната се однесува на училишта и универзитети.

 

Loading...

Германија

Германскиот парламент минатата година во април поддржа нацрт закон со кој на жентие кои работат во државна служба, правосудство и војска им се забрануваат исламски обележја кои подразбираат прекривање на лицето.

Баварија отишла чекор подалеку, па забраната ја проширила и на оние жени кои работат како наставнички и универзитетски професори.

Во Германија има околу четири милиони муслимани, од кои четвртина пристигнала од 2015. до 2016. година од Сирија, Авганистан и Ирак.

Камерун

Во Камерун од 12 јули 2015. година, во градот Готокол, две жени со покриени лица извршиле бомбашки напад и убиле 12 луѓе. Ќетири дена подоцна, Камерун забрани носење исламски велови, вклучително и бурка.

Одлуката е донесена за да се спречат понатамошни напади.

Габон

Земјата во која преовладува христијанството на 15 јули 2015 година забранила носење на облека која го прикрива лицето на јавни и работни места. Одлуката е донесена поради нападот во Камерун.

Чад

По двојниот самоубиствен бомбаши напад кој се случил на 15 јуни 2015 година во главниот град на земјата, Нџамени, а во кој смртно страдаа 33 лица, чадската влада веќе два дена подоцна објави забрана за носење бурка на својата територија од безбедносни причини.

Конго-Бразавил

Иако во земјата немало бомбашки напади, владата во мај 2015 година забранува носење велови кои го прикриваат целото лице во знак на борба против тероризмот.

Канада

Покраината Квебек забранила кон крајот на минатата година на работниците во јавниот сектор да носат бурка или никаб. Исто така, Квебек презеде обврска жените да го откријат лицето за време на возење во градскиот сообраќај или кога посетуваат државни установи.

Тоа значи дека доколку не ја почитуваат оваа одлука не можат да работат како лекари или наставници или да добијат јавно здравствено осигурување додека им е покриено лицето.

Владата на Квебек истакнува дека луѓето можат да донесат барање за изземање, но некои од исклучоците веќе се имплементирани во законот. На пример, на лекарите им е дозволено да носат хирушки маски кои го прикриваат долниот дел од лцието, но не и велот кој го прави истото.

Кина

Во текот на минатата година, кинеските власти забранија носење бурка во областа Ксининјанг. Носењето на вел е забрането на јавни места, а исто така забренти се и долги бради и образување од дома.

Со воведувањето на ваквите мерки, Кина ја интензивира репресијата над она што го смета за религиски екстремизам во западната покраина Ксинјианг, во која живеат 10 милиони муслимани.

Leave a Reply