Саудискиот министер за култура си купил слика од 450 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Кралот на Саудиска Арабија, Салман, го поставил принцот Бадер бин Абдулах Фарах Ал Сауд за министер за култура во новооснованото Министерство за култура.

Принцот е познат по тоа што Њујорк тајмс минатата година го идентификуваше како купувач на најскапата слика на сите времиња на аукција вредна 450 милиони долари, наведува АП.

Сликата е „Salvador Mundi“ (Спасител на светот), односно слика од Исус Христос која се препишува на Леонардо да Винчи.

Leave a Reply