Заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија, на денешната седница се основаше Национална установа „Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија“ – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата, стои во извештајот на Прес службата на Владата на Република Македонија по одржаната 57-ма седница.