Каде има најмногу снег во Македонија?

Сподели со своите пријатели

Снегот денеска направи покривка и на пониските места низ целата држава, а најголема е снежната покривка во Маврово, која според извршените мерења објавени во 17:30 часот изнесува 56 сантиметри.

Со 31 сантиметар следува Лазарополе, 20 Пожаране, 5 Ѓуриште, Тополчани, 2 Тетово, Штип, Претор, Битола, 1 Скопје, Прилеп, Охрид. Колку е снежната покривка во Куманово останува непознато, бидејќи УХМР не располага со такви податоци.

Облачно и студено со повремено пообилни врнежи од снег ќе биде во текот на ноќта. На север и вдолж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.

Во текот на утрешнот ден не очекува облачно и студено време, со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат од преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Минималните температури ќе се движат од -4 до 0, додека максималните дневни од -3 до 2 степени.

Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни.

Од овие врнежи насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см). Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и ќе се значително под просекот за овој период од годината.

Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени.

Од петок температурата ќе биде во пораст.

Leave a Reply