Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово бележат една интервенција во текот на изминатите 24 часа и тоа на опожарено патничко моторно возило, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во 02:25 часот по добиениот повик за запалено комбе четворица пожарникари со едно противпожарно возило сеупатиле кон улицата „Биљановска“ каде за кратко време го изгаснале огнот, односно интервенцијата ја завршиле во 02:50 чаот.
Причините за пожарот и висината на материјалната штета не се познати.