Продолжуваат студените утра, можна појава на магла до недела

Сподели со своите пријатели

Утринава насекаде во земјава преовладува ведро и студено време. На повисоките места и планините дува слаб ветер од јужен правец, а по одделни котлини има појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со максимална дневна температура од 6 степени целзиусови, додека во текот на ноќта истата ќе биде шест степени под нулата.

Продолжува периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.