Приказната која ја „тресе“ Германија: Се вљубила во својот тетин, чекаат да стане полнолетна за да се венчаат (видео)

Сподели со своите пријатели

Џозефин П. и нејизниот тетин Герит Х. веќе три години се борат за својата љубов. Џозефин имала само 14 години кога таа и Герит побегнале.

Во камп-приколка патувале низ Белгија, Шпанија и Франција. На крајот ги видела една жена во продавница на југот на Франција и ги пријавила во полиција. Девојката е вратена кај родителите, а на Герит му се заканувало приведување.

Родителите ќерката ја одвеле кај психолог затоа што тврделе дека е психички болна, но таа и натаму инсистирала дека е со Герит, кој во меѓувреме се развел. Тврдела дека го сакала и дека ништо нема да ги раздели.

Уште се во основно улчилиште, но веќе си имаат ќерка (фото)

Со оглед дека немало докази дека спиеле заедно додека била помлада од 16 години, Герит не е казнет, а судот одлучил дека не може да им се забрани да се видуваат затоа што тоа лошо влијаело на Џозефин.

Таа денес има 17 години, а Герит, поранешниот маж на нејзината тетка, има 49. Разликата од 32 години не им пречи, а девојката вели дека ќе се венчаат следната година кога таа ќе стане полнолетна.

– И натаму се бориме другите да ја прифатат нашата љубов. Герит никогаш не манипулираше со мене. Јас го сакав тој контакт и самата развив чувства кон него, рекла таа.

Герит вели дека во почетокот ја одбивал таа врска затоа што имал семејство кое не сакал да го остави.

– Ние сме среќен пар, најдобри пријатели, сродни души. Се разбираме и многу ни е убаво заедно, велат тие.

Парот живее во стан во Берлин.

https://youtu.be/FLyTJ295IW4