Ако секоја ноќ се будите во одредено време, можно е некој од вашите органи да не функционира како што треба.
Традиционалната кинеска медицина обрнува големо внимание на протокот на енергијата во телото.
За време на 24 часа, енергија се насочува во различни органи за да тие се регенерираат и ја извршуваат својата работа како што треба.
Доколку се случи енергијат ана било кој начин да биде пореметена, доаѓа до медицински проблеми, сметаат Кинезите.
Пронајдете време во ноќта кога најмногу се будите и откријте што тоа значи.
ТАЈНИТЕ НА СОНИШТАТА: Што значи кога го сонувате шефот, семејството или пријателот?
21:00 до 23:00
Ова е време кога ендокриниот систем се доведува во рамнотежа, кој е задолжен за хормони и метаболизам. Ако имате проблеми сос пиењето во тој дел од ноќта, можеби сте под стрес и ве мачат настани од тој ден или она што ве очекува утредента. До блокадата на енергијата во ендокриниот систем може да дојде и ако не се храните внимателно или јадете прекасно.

23:00 до 01:00
Будењето во овој дел од ноќта укажува на тоа дека нешто ве начи, односно дека нешто си замерувате, можеби нешто што сте го кажале, направиле или требало да го направите, а не сте.
Тоа е време кога енергијата јин се претвора во јанг. Според древните кинески верувања, јин го симболизира женскиот аспект (негативност, благост, влага, ноќ и добри страни на се), а јанг е машкиот аспект (позитивност, ведрина, цврстина, сувост, ден и доминантни аспекти).
Во ова време е активна жолчната кеса, која ги разградува маснотиите во телото, па будењето во тоа време може да укажува на тоа дека конзумирате премногу нездрави маснотии.


