Биткоинот добива сериозна конкуренција: Нова криптовалута станува се посилна (видео)

Сподели со своите пријатели

Криптовалутата „rippple“ ја зголеми својата вредност за дополнителни 33 отсто и многу е близу да биде втората најголема дигитална валута. Тоа е инаку скок од 30.000 отсто во 2017 година.

Во последните неколку дена трговијата со биткоинот е помеѓу 13.000 и 15.000 долари, етурум осцилира помеѓу 700 и 800 долари и кај нив нема преголеми скокови, дури по вестите за воведување посилна регулатива во Јужна Кореја имаше нешто поголеми падови на цената, кои се преселија на неколку најголеми алтернативни криптовалути.

Сепак, една криптовалута помеѓу оние најпознатите останува отпорна на негативниот тренд.

Нобеловците против Биткоин: Треба да се забрани!

Loading...

Се работи за „rippple“ (XRP), кој во изминатите два дена е во пораст. Само за еден ден неговата цена се зголеми за 30% и се движи на ниво од 2 долари. Колку е тоа многу за „rippple“ зборува и фактот дека тој на 10 декември се тргуваше по цена од 0,35 долари.

„Rippple“ по пазарната капитализација ја надмина границата од 70 милијарди долари и накратко го претекна етурем на пазарот со криптовалутите.

Додека биткоинот и многу други криптовалути се познати по тоа што се децентрализирани, сопствениците на валутата „rippple“ се познати и валутата е централизирана.

Оваа валута фунционира во рамките на матичната компанија „rippple“, со седиште во Сан Франциско, а се тргува под кратенката XRP.

Нобеловците против Биткоин: Треба да се забрани!

„Rippple“ оваа година имаше најголем раст на вредноста помеѓу значајните дигитални пари. Во јануари вредеше 1,90 долари, за до декември скокне за 30.000 отсто.

Неговите основачи тврдат дека „rippple“ е повеќе од дигитална валута.