„Оукител“ кон почетокот на следната година на пазарот ќе лансира удер со батерија од дури 11.000 mAh, што го прави еден од ретките произведувачи кој во својат апонуда има ваква моќна батерија.
Освен батерија, К10 ќе има одлични останати карактеристики. Овој смартфон доаѓа со 6-инчен екран со резолуција 2160х1080 пиксели, формат 18:9, со одличен 2.5D закривено стакло.
Уредот има и брз полнач од 5V/5А, кој батеријата може да ја наполни за само 2,5 часа.
Самсунг носи револуција на полето на батериите за мобилни телефони
Loading...
Од сотанатите карактеристики треба да се напомене дека има 6GB RAM и 64GB интерна меморија, сместени во рамка од алуминиум и магнезиум, чиј капак е обложен со вистинска кожа.
Од компанијата истакнуваат дека овој уред ќе може да се користи дури и по недела дена што на многумина ќе им биде добредојдено.
Точниот датум на пуштање во продажба на Oukitel K10 се уште не е објавен.