Тешко е да се поверува дека Земјата е единствената планета на која има живот во овој бесконечен универзум кој постојано се шири. Затоа е возбудливо што е пронајдена бактерија на Меѓународната вселенска станица, поточно на нејзината надворешна страна.
Кога астронаутите излегуваат од станицата, по процедура земаат примероци и материјали од надворешната страна кои потоа ги испитуваат научници на Земјата. Главната цел е подобро да се разбере како функционира Меѓународната вселенска станица, но и да се испитаат можности за живот во вселената.
СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)
Loading...
Можно е секако батеријата од Земјата да е однесена во вселената, но рускиот космонаут напоменува дека тоа можеби и не е случај. Всушност, убеден е дека тоа не се случило.
– Бактеријат акоја не беше таму при лансирањето на Меѓународната вселенска станица, пронајдена е на памушните стапчиња кои собираат примероци, така да тие се дојдени од некаде од вселената и сместени на станицата, наведува Антон Шкаплеров од руската агенција ТАСС.
Тој сепак напоменува дека нема никаква опасност и дека истражувачите работат на тоа да откријат за каква бактерија се работи.
На слични мисии пројандени се бактерии од Земјата, но за да таа може да преживее различни и екстремни услови во вселената, како и температури помеѓу минус 150 и 150 степени Целизусови.
Драма во руската Вселенска агенција: Изгубен контакт со сателитот
Секако, доколку се воспостави дека бактеријата дошла од место надвор од планетата Земја, тоа ќе претставува значително откритие, затоа што оваа бактерија може да ги отвори портите на сето она што лежи или лебди некаде во вселената.