Со помош на чипови во мозокот ќе се подобрува памтењето на луѓето

Сподели со своите пријатели

Од Елон Маск, преку MIT (Технолошки институт во Масечусец), па до американското Министерство з аодбрана, сите работат на истражување на мозочните импланти, така што се чини дека е само прашање на време кога ќе биде подготвен уредот кој го подобрува памтењето на луѓето. 

На американскиот универзитет USC демонстрирано е користењето на вакви импланти, кои би можеле да се користат во лекувањето на деменцијата и Алцхајмеровата болест.

Професорот Донг Сонг ги презентираше своите откритија на темата „мемориски протези“ за време на состанокот на Здружението за невронаука во Вашингтон, а кои се однесуваат на првиот уред кој ефикасно го подобрил памтењето на човекот.

За време на тестирањето Сонг имал помош од 20 волонтери, на кои им биле имплантирани мозочни електроди во рамките на третман за лечење од епилепсија. По имплементацијата, Сонгов уред започнал да собира податоци за активностите на мозоците од волонтери за време на тестовите дизајнирани да стимулираат краткотрајно памтење или работна меморија.

 

Loading...

 

Научниците потоа определиле образец кој е поврзан со оптималните перфорамсни за памтење и се користеле елктроди за да се стимулира мозокот следејќи го тој образец за време на анредните тестови. На основа на истражувањата, таквата стимулација го подобрила краткотрајното памтење за 14%, а работната меморија за околу 25%. Кога научниците го стимулирале мозокот по случајност, перформансите се влошиле.

– Пишуваме неурален код кој би ја подобрил фунцкијата за памтење. Ова никогапш претходно не е направено, изјавил Сонг.

Подоброто паметење би можело да биде корисно за студентите или оние кои тешко памтат имиња, но би создала и огромна корист кај лицата кои боледуваат од деменција или Алцхајмерова болест.

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс, неодамна најави дека ќе инвестира 100 милиони долари во истражувањето на овие заболувања.

Старосната граница е најголем ризичен фактор за Алцхајмеровата болест, а најголемиот број заболени се постари од 65 години. Според проценките во САД до 2030 година ќе живеат над 20% луѓе постари од 65 години, така да ќе се зголеми и бројот на заболени од деменција.

 

 

Минатата година трошоците за лекување на забоелните од деменција и Алцхајмер изнесувале 236 милијарди доалри.

Уредот на Сонг мора да биде дополнилтено тестиран, а потоа треба да добие одобрение за користење во третман, но ако се покаже како ефикасен и врати барем дел од изгубените сеќавања кај заболените, ќе влијае на нивниот живот и животите на нивните семејства, па и економијата.