Џиновската озонска дупка се намалува (видео)

Сподели со своите пријатели

Џиновската дупка на озонската обвивка на земјата се намалува и е најмала од 1988 година, соопштува американската вселенска агенција НАСА.

Дупката на озонската обвивка оваа година достигнала површина од 19,7 милиони квадратни километри, што е за три милиони помалку за разлика од минатата година.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

Loading...

Факторите кои влијаеле на намалувањето се забраната за користење на штетни хемикалии, кои се користеле во производството на аеросолите и средствата за ладење, како и временските услови во стратосферата, топлиот воздух ги одбива хемикалиите како хлорот и хромот кои ја уништуваат озонската обвивка.

Секоја година, дупката го достигнува својот врв до средината на септември и тогаш почнува да се намалува.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Озонот го сочинуваат три атоми на кислород, а во природата се појавува во мали количини. Во горната астмосфера слојот на озонот ја штити планетата од потенцијално штетното ултравиолетово зрачење кое може да предизвика рак на кожата, да го оштети видот и да ги уништи посебите.

Дупката преку Антарктикот веќе со години се намалува, а најмногу благодарение на забраната за штетни хемикалии. Најголема беше во 2000 година кога заземала површина од 30 милиони квадратни километри.

НАСА пронашла 10 планети на кои можеби има живот

Покрај намалувањето дупката и натаму е многу поголема за разлика од осумдесетите години, кога е откриена. Научниците подобрувањето го обаснуваат како процес и дека тој ќе биде целосен во 22 век.

Сепак, со преземени мерки, НАСА смета дека дупката ќе се врати на нивото од 80-те некаде околу 2070 година.

Откривањето на дупката, кое се случило пред трисетина години, доведе до потпишување на Протокол во Монтреал со кој освен спречување на растот на дупката, спасени се голем број човечки животи.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Обединетите нации проценуваат дека дополнителни два милиони луѓе би заболеле од рак на кожата доколку договорот во Монтреал не би постигнат.