Групно скокање од мост за Гинис (видео)

Сподели со своите пријатели

Од мост во бразилскиот град Хортоландија истовремено скокнале дури 245 луѓе прикачени за јужиња. Обидувајќи се да се запишат во Гинисовата книга на рекорди учесниците не заборавиле на безбедноста, сите имале кациги и друга заштитна опрема.

Биле во брак 70 години, а починале заедно во рок од четири минути

Покрај тоа што поголемиот дел од учесниците завршиле во вода, целта била да скокнат од мостот, а потоа на јажето да се лулаат неколку пати.

Скокачите, 245 од нив стоеле еден до друг на мостот висок триесетина метри во градот Хортоландија во бразилската држава Сао Паоло. Со повик и гласна смеа скоро сите скокнаа истовремено.

По краткото лулање над површината на водата некои одлучија да се вратат назад на мостот по јажето, другите да се искапат.

Жената со најдолги нозе во светот: Долги над 130 сантиметри (фото+видео)

Од Гинисовата книга на рекорди се уште не потврдуваат дали ова е нов светски рекорд во број на луѓе кои истовремено скокнале со јаже од мост.

https://www.youtube.com/watch?v=A92-Kaz4vzQ