Како да дознаете дали вашиот мобилен уред е хакиран?

Сподели со своите пријатели

Ако мислтие дека вашиот мобилен телефон е ваша приватна зона, можно е да сте во голема грешка. Досега се покажало дека не постои уред кој не може да биде хакиран.

Како што пишува Bright side, тоа е можно да се изведе на следните начини:

Со инсталирање на некои шпионски апликации како Spy Phone App, Spyzie и слично.

Компјутер кој се „самоуништува“ при обид да биде хакиран

Loading...

Приклучување на непознати Wi-Fi мрежи, најчесто јавни во кафетерии, ресторани, хотели и аеродроми.

СМС фисинг, така што ви пристига порака со линк. Со кликнување на линкот се инсталира злонамерен програм кој на хакерите им овозможува пристап до содржините на вашиот уред.

Полнење на непознати места преку USB.

Знаци кои укажуваат на тоа дека нешто не е во ред со вашиот уред:

Мобилниот одеднаш се празни многу бргу од претходно. Зад ова може да стои заразена апликација која се активирала.

Параноја или знаење: Челникот на „Фејсбук“ ги прикрива камерата и микрофонот на својот лап топ (фото)

Мобилниот се прегрева иако не телефонирате, ниту премногу го користите. Ова е уште еден знак дека во позадината работи нешто за што не знаете.

Мобилниот сам се гаси и вклучува, бира броеви или активира апликации.

Не можете да го изгаснете телефонот. Наместо тоа, ви се стартуваат разни апликации, ви се појачува светлината на екранот и слино.

Сте забележале чудни звуци и бучава во позадина при телефонирање.

Средношколец го хакирал приватниот мејл на директорот на ЦИА

На листата неодамнешно повици има непознати броеви.

Како да се заштитие?

Доколку сте забележале порака со линк чиј полн URL не можете да го видите, не го отворајте.

Ако го полните мобилниот на непознат компјутер, забранете му пристап на податоците.

Се приклучувате на бесплатен WiFi? Внимавајте на овие замки!

Исклучете го автоматското приклучување на бесплатен Wi-Fi и изберете го рачно.

Не правете онлајн купување или парични трансакции преку јавен Wi-Fi.

И секако, заклучете го својот смартфон со лозинка.