Откако официјалните власти на француската престолнина соопштија дека работат на изготвување на регулатива која до 2030 година ќе ги протера бензинците и дизел автомобилите од улиците на овој град, слични вести пристигнуваат и од земјата на лалињата.
Холандија планира да воведе сообраќај со нулта емисија на штетни гасови и тоа исто така до 2030 година. Властие во оваа земја планираат намалување на вкупната емисија на штетни гасови за скоро половина од актуелната количина, а поради тоа ќе воведат и нов порески систем кој дополнително ќе ги оптерети оние кои корситат „валкани“ извори на енергија.
За 10 години на улиците низ светот ќе има 10 милиони возила на Тесла

