За 10 години на улиците низ светот ќе има 10 милиони возила на Тесла

Сподели со своите пријатели

Аналитичар во „Морган Стенли“, Адам Џонас ја претстави глобалната проекција за растот на борјот на електричните автомобили на Тесла на патиштата заклучно со 2040 година.

Според таа прогноза, во 2028 година, бројот на возиал на Тесла во светот ќе изнесува 10 милиони, додека границата од 20 милиони автомобили на овој калифорниски произведувач би била надмината во 2035 година. Ако се исполнат прогнозите, на сообраќајниците ширум светот до 2040 година би се движеле дури 32 милиони Тесла автомобили.

Иако оваа проекција зигледа премногу оптимистична, таа е засновата и на овогодишниот раст на акциите на компанијата кои во 2014 година скокнаа за вртоглави 63%.

Првиот човек на Тесла, Илон Маск, не одел толку далеку во своите прогнози, па најавил дека веќе во 2018 година на производната лента ќе стигнат 500.000 електрични автомобили со ознаката на овој бренд.

Меѓу нив убедливо најмногу примероци ќе има од Моделот 3 кој е лансиран оваа лето. Својот автомобил веќе го очекуваат над 400.000 купувачи кои извршиле нарачка во последина година и половина.