Катастрофалната несреќа која го зафати бродот Титаник во далечната 1912 година до денес е целосно неразјаснета.
На 10 април 1912 година точно на пладне Титаник исплови од Сутемптон кон Њујорк, а пет дена подоцна потона во катастрофална несреќа.
Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)
Од тогаш до денес постојат разни приказни и теории за потонувањето на Титаник, а меѓу нив најчесто се провлекува приказната за пронаоѓање на телото на богаташите од ладните води на северниот Атлантски океан и туркањето на телата на сиромашните.
До денеска многу мал број на тела се пронајдени во морето и остатоците од бродот кој и натаму се наоѓа на дното на океанот.
И режисерот на филмот „Титаник“, Џејмс Камерон зборува за овој „феномен“ објаснувајќи како 33 пати се спуштал до остатоците и вели дека никогаш не видел ниту еден остаток од човечко тело.
Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)
Морето ја сочувало болеката, обувките и личните предмети на многу патници, но ниту еден скелет не е пронајден во остатоците од Титаник. Експертите појаснуваат дека телата во внатрешноста на бројот поради малите количини на кислород се распаѓаат поспоро, но никој од истражувачите и експертите за Титаник во него не пронашол ниту една човечка коска.
Некои ова го објаснуваат со големата бура кој телата едноставно ги отфрлила милји подалеку од местото каде Титаник потонал, додека некои веруваат дека телата со неразјаснета сила на природата едноставно исчезнале.
https://youtu.be/jRlCP4vWEUo

