Никотинот прави зависност и по една испушена цигара

Сподели со своите пријатели

Никотинот предизвикува зависност како и останатите  дроги. Но, ретко кој знае и практично кој сака да признае дека дури и една испушена цигара може да предизвика зависност.

Само седум секунди по вдишување на чадот од цигари, никотинот стасува до клетките на мозокот и влијае врз рецепторите и врз невротрансмитерите во него.

Никотинот е психоактивна супстанција која влијае врз промената на расположението и чувствата, бидејќи гинарушува нормалните биохемиски функции во мозокот. Има двофазно дејство – стимулира и депримира. Секојдневно консумирање никотин ја продолжува потребата од него.

Пушачите во просек живеат 10 години помалку од непушачите.

КАКО ДА ГИ ОСТАВИТЕ ЦИГАРИТЕ?

Лекарите советуваат дека пушењето треба наеднаш  да се прекине – речиси сите поранешни пушачи во светот ги оставиле цигарите на тој начин.  За да се откажете од оваа зависност, треба да ги фрлите сите цигари што ги имате и сè што ве асоцира на нив и целосно  да му се посветите на своето закрепнување.

Не одложувајте го реализирањето на одлуката да престанете да пушите.

Бидете горди на себе што веќе не пушите – не очекувајте другите да ве фалат, не потпирајте се на нив да ве поддржуваат во одлуката да се ослободите од цигари – верувајте во себе!

Пушењето не ги решава проблемите – ако наидат проблеми додека ги оставате цигарите (малодушност, нагон за пушење, вознемиреност), знајте дека пушењето не е решение. Тоа само ќе ја искомплицира почетната ситуација: повторно враќање на цигарите.

Според податоците од СЗО, дури 41 отсто тинејџери до 16-та година испушиле барем една цигара, а секое десетто лице постаро од 30 години починало од болест предизвикана од пушење