КРВАВА СВАДБА: Младоженецот пукаше во фотографот, а најдебел крај извлекоа лекарите (видео)

Сподели со своите пријатели

Обичајот да се пука на свадби не е само карактеристика за нашите простори. Слично се слави и во Либан, ако сме сведоци дека таквите прослави, за жал, неретко завршуваат трагично.

Последен доказ колку тој обичај е опасен, пристигнува од таа земја – младоженецот случајно со калашников го рани фотографот пред гостите.

Очигледно тој ја потценил моќта на неговиот калашников и ја држел со една рака, што довело до померање и испалување на куршуми на сите страни, пишува „Дејли Мејл“.

Неколку сватови и младоженецот веднаш отрчале во најблиската болница, каде ги нападнале лакарите за да што побргу го примат ранетиот фотограф.

За да работата биде полоша, не е повреден само фотографот. Гостите на свадбата кои помогнале на повредениот фотограф да пристигне до болница од непозната причина ги нападнале и претепале лекарите кои се обидувале да и помогнат на жртвата.

Од болницата најавила остра реакција на инцидентот во кој е нападнат нивниот персонал.

https://www.youtube.com/watch?v=XfWykAzmfdE

Loading...