Скоро секое трето лице на светот има прекумерна тежина или е дебело, а меѓу нив се повеќе има деца, предупредуваат научниците.
Не јадете премногу, а се дебелеете? Можеби проблемот е во ова…
Стапката на дебелина двојно се зголемила од 1980 година во над 70 земји, а зголемена е во останатите држави, стои во истражувањето објавено на научното списание „New England Journal of Medicine“, која опфаќа околу 195 земи од 1980 до 2015 година.
Во 2015 година прекумерната тежина погодила 2,2 милијарди деца и возрасни. Околу 700 милиони од нив, вклучително и 108 милиони деца, биле дебели.
Прекумерната тежина е еден од најголемите здравствени проблеми на нашето време, кој го поготдува скоро секој трет човек – рекол Ашкан Авшин, автор на студијата од Институтот IHME во Сиетл.