Не јадете премногу, а се дебелеете? Можеби проблемот е во ова…

Сподели со своите пријатели

Англиските истражувачи сповеле истражување кое се занимавало со проучување на стареењето. Го споредиле нивото на стрест и телесна тежина кај повеќе од 2.500 мажи и жени постари од 54 години.

Истражувањето кое е објавено во магазинот „Obesity“ покажало дека стресот влијае на дебелеење и слабеење, пишува CNN. Научниците го контролирале количеството на хормонот за стрес, познат како кортизол.

Во косата пронајдовме ниво на кортизол кој значително влијае на поголемиот опсег во половината и поголемиот индекс на телесна маса. Овие резултати покажуваат дека хроничниот стрес е поврзан со дебелината – рекла Сара Џексон, научен соработник во Институтот за епидемиологија и здравје на Универзитетот во Лондон.

Инаку, кортизолот е хормон кој настанува во надбубрежните жлезди, а во време на стрес се опушта во крвотокот. Освен во сузбивање на воспаление и регулирање на крвниот притисок, кортизолот помага и во одржување на нивото на шеќер во крвта.

Ослободувањето на кортизолот ги активира рецепторите кои се густо сместени во висцералното масно ткиво кое ги опкружува човековите органи, што ја објаснува поврзаноста со добивање и губење на килограми.

Обично се тестира преку крв, урин и плунка, но тоа ја покажува сликата само во дадениот момент.

Нивото на кортизол варира во текот на денот, зависно од времето, од тоа што јадете, нагли стресни ситуации па дури и болести. Затоа крвта, урнот и плунката не можат да ја прикажат реалната состојба кога станува збор за долгорочен стрес – рекла Џексон.

 

Loading...