Секој од нас има карактеристична поза за седење, а омилената положба открива многу за нас.
Се држите исправено додека седите. Вие сте човек со силна волја и полни сте со самодоверба. Скоро никогаш не се двоумите околу чекорот кој го правите во животот или одлуката која сакате да ја донесете. Сакате да знаете се, но и да ја имате ситуацијата под контрола. Во исто време, многу сте самоуверени и лојални. Со задоволство ќе им помогнете на другите и ќе биде поддршка во тешките моменти.
Ако им погледнете на луѓето во тупаницата можете да откриете многу за нив (фото)
Потпрени сте со грбот наназад. Чувствителни сте и симпатични и никогаш не сте рамнодушни кон чувствата на другите луѓе. Вниматели сте при одлучување и склони кон анализирање. Пред да донесете важна одлука или да започнете нов проект, долго ја ручувате ситуацијата, споредувате деталите и ги анализирате причините за и против.
Навалени сте нанапред. Оваа поза е карактеристична за луѓето кои лесно се занесуваат и се заинтересирани за разнолични работи. Вие сте умерено заинтересирани и отворени за нови познанства. Знаете како да им се додворите на другите, вешто давате комплименти и знаете да ги фалите своите соговорници ако чувствувате дека тоа е прикладно.
Хороскопот открива: Што и кој ќе ви го скрши срцето во 2017?
Седите со споени нозе. На прв поглед оставате впечаток на ладна личност, но кога луѓето ќе ве запознаат гледаат дека сте целосно различни – љубезни, друштвени и искрени. Директни сте кога се во прашање сериозни работи и сакате да се држите до зацртаниот плат. Точни сте и педантни.
Седите со прекрстени глуждови. Одлучни сте и често покажувате лидерски вештини. Се обидувате да бидете добро информирани и сакате да држите секого под контрола. Поради тоа многумина ве доживуваат како заповедувач и ви приговараат дека постојано нешто наредувате. Отворени сте за нови пријателства и склони на љубомора во љубовната врска.

