Хороскопот открива: Што и кој ќе ви го скрши срцето во 2017?

Сподели со своите пријатели

Астролозите велат дека ѕвездите се наклонети на хороскопските знаци, кога станува збор за љубовта. Но, не се сите љубовни приказние едноставни и не секогаш завршуваат среќно. Хороскопот открива што и кој може да го скрши вашето срце во 2017.

Овен

2017-та за вас носи проблеми поради вашите тенки нерви и избувливост. Доколку не водите сметка за тоа што го зборувате, можете да го повредите партнерот кој лесно ќе ве остави поради вашата непромисленост.

Бик

Можете да се затекнете себеси како размислувате да продолжите понатаму и да се ослободите од односот кој ви тежи, но кој ве направил да бидете тоа што сте. Вие мора да се пронајдете самите себеси, а големи се шансите да се најдете себеси трагајќи по личноста која сте ја оставиле.

Близнаци

Срцето на Близнаците може да  биде скршено од комуникацијата која немате срце да ја прекинете. Ќе се држите до старата љубов и нема да покажувате како се чувствувате, ќе бидете и натаму блескави и забавни, но одвнатре ќе се јадете. Сепак,тоа ќе биде добро за вас да се пресипитате за своите чувства и потреби.

Рак

Постои можност да ве повреди личност која вие сте ја повредиле поодамна. А, бидејќи тоа се уште не сте си го простиле себеси, ќе ви биде многу тешко бидејќи ќе сфатите дека сте го добиле тоа што го заслужувате.

Лав

Лавовите ќе се најдат во врска во која не се доволно ценети и нивното срце ќе биде скршено поради тоа . Таа личност ќе ве зема „здраво за готово“. Но, крајот на таквиот однос ќе ве доведе да се зближите со личност која ве заслужува.

Девица

Можете да се повредите себеси, така што категорично ќе одбиете да го спуштите својот ѕид кој го градите со години. Добро е кога некој е независен како вас, но вие претерувате. Сепак, тоа е лекција која ќе ви помогне подобро да се справите со следната врска.

Вага

Вашата мрзеливост да вложите напор за да запознаете одредена личност е нешто што ќе направи да останете сами во 2017. Но, имате доволно работа со вложувањето во себе, па вројатно ќе сретнете некој кој се чувствува слично и кому не му треба премногу внимание.

Шкорпија

Можно е да го скршите сопственото срце повредувајќи некој кој навистина ве сака. Многу сте тврдоглави и не признавате дека не сте во право, а кога ќе се покаете и ќе ви биде жал, може да биде доцна.

Стрелец

Срцето на Стрелецот ќе  биде скршено од површни и ладни односи. Недостатокот на емоции и неможноста да се посветите на една личност ќе ве остави осамени и со прашалници во вашата глава.

Јарец

Јарците ќе бидат склони кон тоа од себе да туркат личност на која и значат и да се однесуваат постудено отколку што се чувствуваат. Вие сте многу ранливи, но нема да дозволите тоа да се забележи.

Водолија

Во овие години, љубовните неволји ќе ви бидат предизвикани од вашиот сарказам и дистанца, како и склоноста да делувате студено и незаинтересирано.

Риби

Рибите во 2017 ќе го подарат своето срце на личност која не го заслужува. Но, на крајот таа личност ќе се кае поради тоа.

brkajrabota.mk