Климатските промени се една од причините за лош сон

Loading...
Сподели со своите пријатели

Студијата објавена во магазинот „Science Advances“ носи резултати од истражување кое научниците го спровеле на основа на податоци добиени од 765.000 жители на САД од 2002 до 2011 година. Дошле до заклучок дека со порастот на температурата за еден степен целзиусов многу луѓе лошо спијат.

Ако протпоставиме дека Земјата ќе продолжи да се загрева од огидна во година, што и не е невозможно ако се земе предвид дека најтоплиот ден во година го сруши рекордот од 2015, кој го сруши оној од 2014, научниците проектирале дека до 2099 година проблем со лоши спиење ќе имаат стотици милиони луѓе.

Ова е најдобриот начин да се изборите со метеоропатијата

Луѓето лошо спијат во текот на летото, тогаш има три пати повеќе бессони ноќи отколку во студените месеци. Научниците кои ја спровеле студијата дошле и до сознание дека луѓето постари од 65 години двојно повеќе се изложени на проблеми со сонот, кога температурата е поголема отколку тоа ни одговара.

Авторите на студијата предупредуваат дека сонот е многу важен за човековото здравје.