Мини баскет Куманово дел од турнирот „Јуниор 2017“

Сподели со своите пријатели

Уште од најмали нозе ја негуваат љубовта кон кошарката. Дечиња од седум до десетгодишна возраст напорно тренираат во Кошаркарскиот клуб „Мини баскет Куманово“, а годинава за прв пат имаа можност да учествуваат и на Меѓународниот турнир „Јуниор 2017“.

„Мини баскет“ е најмалата група од КК Куманово, а брои околу 20 дечиња.

Турнирот се одржа во Скопје, на скопски саем, каде учествуваат над 40 екипи од Србија, Бугарија и Грција. Ние одигравме четири натпревари, каде забележавме три победи и еден пораз. Се натпреварувавме со екипата на Феникс од Скопје, Астибо од Штип и Работнички и МЗТ исто така од Скопје – изјави Милош Нинковиќ, тренер во Мини баскет Куманово.

Loading...

 

Според Нинковиќ, кај дечињата постои заинтересираност за овој спорт, кој во Куманово е доста популарен.

Од исклучителна важност е ова што го работиме со децава, се очекува повик од соседните земји, да се прошетаме, децата да видат дали можат да играат со други деца од нивна категорија и се тоа е добредојдено за нив, зошто да не и да одиме на таков турнир – изјави тренерот Кристијан Маневиќ.

Дечињата се задоволни, велат дека тренираат затоа што ја обожаваат кошарката и се надеваат дека еден ден ќе станат успешни спортисти.

Кошарка почнав да тренирам затоа што многу ми се допаѓаше, претходно многу гледав НБА пред да почнам да играм кошарка. Играм веќе годин и пол и омилен кошаркар ми е Стеф Кари – изјави десетгодишниот Матеј Лазевски.

Јас ја сакам кошарката затоа што ми е омилен спорт, тренирам веќе две години, а мојот омилен кошаркар е брат ми Антонио – вели деветгодишниот Андреј.

Кошарката ја сакам затоа што сум висок, тренирам веќе една година и мојот омилен кошаркар е оној високиот од Србија што играше за Куманово – вели осумгодишниот Теодар Боровиќ.

Сите заинтересирани родители своите дечиња можат да ги запишат во Мини баскет Куманово секој вторник и четврток од 19 часот или во сабота од 10 часот и да им пружат можност да го совладаат овој спорт.