Дубаи планира да вложи 1.7 милијарди долари во проект за два вештачки острови од двете страни на луксузниот хотел „Burj Al Arab“. Новиот мегапроект го носи називот „Mars Al Arab“ и подразбира градење на одморалишта кои би требало да го зголемат бројот на посетители на Соединетите Арапски Емирати на 20 милиони годишно.
Милијардери со круна: Кралскиот луксуз, моќ и богатство (фото)
Loading...
Изградбата на двата нови острови би требало да почне во јуни оваа година, а да заврши до крајот на 2020 година. „Mars Al Arab“ ќе се простира на површина од околу 370.000m2 со плажа од 2.2км. Едниот остров ќе биде направен за забава и семеен туризам, а другиот ќе биде луксузно одмаралиште.
Со 36.000 евра шеикот Мохамед почестил персонал во црногорски хотел
Амбициозниот проект ќе има и приватно пристаниште, клуб за јахти, рекреативни атракции, ресторани и кафе барови, хелидром, хотел, огромен продажен простор и 300 апартмани со поглед на море. На луксузниот остров ќе има 140 луксузни вили.
https://www.youtube.com/watch?v=-T2-GwXelW8