Тајни документи и телеграми кои се криени повеќе од еден век ја видоа светлоста на денот и откриваат што всушност се случувало со телата на луѓето кои ги загубиле животите во една од најголемите бродски несреќи во историјата и поради што всушност потонал Титаник.
Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)
Оние кои хи пишувале биле уверени дека тие писма никогаш нема да бидат прикажани на јавноста, а во нив се открива дека капетанот на спасувачкиот брод сакал од морето да извлече што повеќе тела од погинати патници, без оглед на која класа припаѓале. Меѓутоа, кога воочиле дека бродот „Mackay-Bannett“ е премал за 334 пронајдени тела, капетанот донел поинаква одлука. На крајот од бродот биле исфрлени над 100 тела кои никогаш повеќе не биле пронајдени.




