Се смета дека просечниот човек има секс вкупно 5.778 пати во животот. Без разлика дали тоа ви звучи малку или многу, оваа бројка неретко е преплетена со периоди на сексуална неактивност.
Тие периоди некогаш се поради личен избор за апстиненција (без разлика дали сте со партнер или не), а некогаш едноставно или ви е опаднато либидото, или немате партнер. Во секој случај, немањето секс се одразува на телото и на психичката состојба.
Сте имале со некој секс во сон? Откријте што тоа навистина значи!
Што се случува со телото кога подолго време немате секс?
Опаѓа либидото
Кога се работи за сексуалниот нагон, ако не го користите, почнувате да го губите. Кај луѓето кои свесно се воздржуваат од секс, се јавува летаргичност, опаѓање на виталноста и желбата за секс. „Далеку од очи, далеку од срце“ е фразата со кои некои пациенти на психијатарот Сари Купер ја ипаат опишано оваа состојба. Ова не важи за сите, секако. Некои луѓе имаат зголемена желба за секс кога немаат секс, намерно или случајно.
Седум работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во КРЕВЕТОТ!