04.05.2017 21:12

Седум работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во КРЕВЕТОТ!


Комуникацијата е клучна за сите аспекти на односите, а трудејќи се да разберете што вашиот партнер сака, ќе изградите исполнет физички и емоционален однос.

Не расправајте се

Сите би требало да избегнуваат да водат расправи за некој проблем, кога сте двајцата легнале во креветот. Секој разговор кој треба да го водите, а за кој сте сигурни дека ќе има одредена негативна енергија, направете го преку ден или пред одење во кревет. Кога ќе легнете треба да се смирите и да бидете спремни опуштено да потонете во сонот.

Не глумете дека уживате

Немојте да глумите дека уживате во скесот ако не е така. Попрво разговарајте со партнерот за тоа како би сте го лоцирале и решиле проблемот.

Не внесувајте стрес во креветот

Сте имале тежок ден на работа, разбирливо, но немојте тој стрес да го внесувате во кревет на крајот на денот. Оставете се што се случувало зад вас и опуштете се и подговтвете за нов ден и нови предизвици.

Не критикувајте

Уште една лоша одлука е да критикувате во креветот. Сте забележале дека го пуштила стомакот или дека тој не се избричил? Оставете ги критиките за подоцна

Не ги споменувајте бившите

Никој во врската не сака да слуша за бившите, а посебно не сака да знае даи некој од некоја мината веза ви паднал на памет додека лежите крај сегашниот партнер или партнерка.

Не довикувајте туѓо име

Едно е што замислувате некој друг за време на сексот, но да ви излета туѓо име? Упс, во голем проблем сте.

Не се нервирајте за техничките проблеми

Што се повозрасни, тоа почесто ќе ви се случуваат проблеми во креветот. Импотенцијата кај мажите е почеста како стареат, а кај жените се јавува сувост на вагината. Немојте тоа на партнерот да му го „набивате на носот“. Постојат начини како да се излезе на крај и со такви проблеми.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments