Во сабота со почеток во 11 часот на градскиот плоштад ќе се одржи традиционалниот максенбал „Батко Ѓорѓија“ под покровителство на Општина Куманово и Советот на Општина Куманово.
Низа маски ќе продефилираат низ центарот на градот, а главната културно – уметничка програма ќе се одржи на градскиот плоштад.
Дел од маскенбалот ќе бидат поединечни и групни маски, а во ревијалниот дел ќе продефилираат маски од Струмичкиот карневал, ученици кои ќе бидат гости кај своите врсници од Куманово.
Највпечатливите маски ќе добијат и соодветни награди.