Во делови од градот и денес прекини во снабдувањето со струја

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на денешниот ден во период од 08:30 до 15:00 часот ќе останат дел од улиците: „Дојранска“, „Х.Т.Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1 ви Мај“, „Вера Ц.Трена“, „Сава Ковачевич“ и „Ристовац“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 15:30 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селата Војнович, Сопот, Караула Сопот, како и дел од Табановце (Чивас ) во Куманово.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во електро дистрибутивниот систем.