Од газирани и засладени пијалоци годишно умираат повеќе од 180.000 луѓе, покажува истражување за влијанието на овие напитоци врз смртноста и здравствените компликации поврзани со дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак меѓу оние кои ги конзумираат.
Како што се наведува, 133 илјади луѓе починале од дијабетес, кој бил последица од газирани напитоци.
Меѓу конзументите на засладени безалкохолни пијалоци забележани се 45 илјади случаи на кардиоваскуларни болести и 6.450 починати од рак.
Авторот на студијата Дарјуш Мозафаријан од Универзитетот во Масачусетс тврди дека исфрлањето од употреба на засладените и газирани напитоци, како и ладните чаеви, треба да биде „планетарен приоритет“.
Податоците се добиени со следење на навиките на 611.971 лице во периодот од 1980 до 2010 година во 51 земја во светот.
Меѓу младото население поголем е бројот на оние кои имаат некоја хронична болест, која е последица од конзумирање засладени газирани пијалоци.
Сокот од свежо цедено овошје не бил опфатен во истражувањето.