Според последната статистика на интернет сообраќајот, изготвен од “Гугл” секој ден на страницата се прегледуваат клипови за вкупно 1 милијарда часа. Фактите кои докажуваат дека платформата за видео споделување ја надминала за неколку пати популарноста дури на социјалната мрежа “Фејсбук” и на видео стриминг услугата “Нетфликс”.
Според податоците сајтот на Цукерберг забележува само 100 милиони часа гледање видео дневно, а “Нетфликс” – 116 милиони. Нешто повеќе – гледаноста на YouTube во светот се покажува поголема дури и од онаа на сите американски телевизии, земени заедно. Таа е зголемена двојно во споредба дури и со претходната година – тогаш таа изнесувала вкупно 500 милиони часа прегледани видео содржини на ден.
локално.мк