Во прекин железничкиот сообраќај кон Србија

Сподели со своите пријатели

Железничкиот патнички и товарен сообраќај кон Република Србија е во прекин поради реновирање на пругата од нивна страна, информираат од Железничката станица Куманово.

Од Граничниот премин Табановце пак, информираат дека патниот и товарниот сообраќај при влез како и при излез од државата се одвива редовно без задржување.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од Авто мото сојузот на Македонија.