Куманово се разбуди на -9, ниски утрински температури и во следните денови

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава ведро и претежно тивко. Сончево, во западните делови со мала до умерена локална облачност ќе биде времето во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во источните делови ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Куманово и околината утринава беа измерени -9 степени целзиусови. Во текот на денот ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност и сосема слаб ветер од источен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 5 степени, а во текот на ноќта истата ќе се спушти 7 степени под нулата.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во средината на неделата поради спуштање на постудена воздушна маса и умерен ветер претежно од североистичен правец.