Ангела Сарафимовска од Куманово е студент на Институтот за Безбедност, одбрана и мир и веќе четири години е дел од тимот на АVON, на позиција Kоординатор. Таа својата улога ја сфаќа многу сериозно и секојдневно се стреми кон поголем напредок. Можностите кои ги нуди АVON ѝ претставуваат поттик да продолжи со градење на својата кариера, и да си обезбеди поголема финансиска независност.
Емилија Тошевска од Скопје е дипломиран Социолог, магистрант по Дипломатија и веќе 5 години е дел од големото АVON семејство како Претставник, а последниве 7 месеци е на позицијата Координатор. Тоа е позиција која носи престиж, овозможува стекнување на компетенции и развој, како личен така и професионален. Професионално се занимава со продажба, а АVON ѝ е омиленото хоби и претставува дополнителна надградба во истото поле.


