Во текот на минатата недела, царинските службеници открија обид за влез на илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автомобили и воздухоплови, мобилни телефони, дрон, мерен уред, облека, обувки и фалсификати, информираат од Царинската управа на Македонија.
Четири елекрични активатори на вентили и 4 затварачи за вода, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени позади возачкото седиште и на задното седиште, се привремено задржани а против возачоте поведена прекршочна постапка.
Loading...
Вкупно 50 фустани, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените фустани, пронајдени во кеси сместени на задното седиште и во багажникот, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.