Изгласани извештаите за работа на јавните претпријатија „Водовод“ и „Куманово гас“

Сподели со своите пријатели

Извештаите за работа на јавните претпријатија „Водовод“ и „Куманово гас“ денеска беа изгласани на 58та седница на Советот на Општина Куманово, по кратки обвинувања од страна на опозицијата дека овие претпријатија не работат домаќински.

Претпријатието „Куманово гас“ во текот на првите шест месеци има остварено 1.114.835 денари приход од нови приклучоци на гас, што е енормно зголемување ако се спореди со фактот дека истиот период лани биле остварени само 264 илјади денари по оваа ставка.

На расходната страна пак се бележат намалувања во споредба со минатата година. Расходите во првите две тримесечја од 2016 година изнесуваат 2.823.666 денари, додека во истиот период лани истите биле 3.464.355 денари, но советничката Валентина Јованвоска констатираше дека според извештајот во 2016 година имало поголема уплата, а помала набавка на гас.

Што се однесува до излагањето на директорот Драган Петровски, што се однесува на приходи остварени од проклучоци се реализирани 243.000 денари. За набавка на гас во 2015 година биле потрошени 2,6 милиони денари, а годинава во првите шест месеци околу 3 милиони.

Набавната цена на гас оваа година изнесува 16 денари како суровина, за разлика од минатата година кога цената изнесувале од 29 до 30 денари. Во првиот квартал мора да потенцирам дека се потрошени околу 40 илјади метри кубни гас рече Петровски.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски вели дека со вакво темпо гасификацијата на Куманово ќе трае со години.

Што се однесува до јавното претпријатие „Водовод“ советникот Драган Петковски вели дека веќе три години се чека извештај за расходи по сектори во претпријатието, но до сега никако да пристигнат на дневен ред.

Во овој период имаме реализиран приход од 2.814.000 денари, податок за кој советниците не сакаат да дебатираат. Финансискиот извештај на „Водовод“ е прогласен за еден од најдобрите во државата, а и од страна на институции на ЕУ. Имаме увид во секој сектор колку се трошоците и тие извештаи се доставени и до Министерството за животна средина, по што ќе следува утврдување на нова методологија за цена на сурова вода. Вкупно 22 милиони имаме трошоци за сурова вода по цена од 6,7 денари, ако одиме по цената од 3,2 денари тогаш за шест месеци ќе имаме заштета од 10 милиони денари или 20 милиони за цела година. Тие средства би можеле да ги искористиме за други дејности во претпријатиет – истакна Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.

Тој додатно потенцираше дека ова е и летен период во кој после неколку години за прв пат немало проблеми со водоснабдувањето, благодарение на напорите на градоначалникот Зоран Дамјановски и новиот директор на АД „Водостопанство“.

 

Loading...