Социјалистите го одбележа „11 Октомври“ во Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Социјалистичката партија на Македонија денеска со положување свежо цвеќе на Сомен Костурница го одбележа Денот на народното востание „11 Октомври“.

 

Loading...

dsc_0028

 

Највисокото партиско раководство предводено од претседателот на СПМ, Љубисав Иванов Ѕинго им одаде почит на борците за слободна Македонија и одржа свечено обраќање пред своите сопартијци на споменикот во Куманово.

Ова е денот кога започна големата народно ослободителна војна на Македонија во која имаше два главни цели борбва против фашизмот кој беснееше во Европа и пошироко и ослободување на Македонија од вечитото ропство и создавање на македонската независна и суверена држава. Во тоа време веста дека во Македонија се дигнал македонскиот народ во борба за слобода одекна ширум Европа, луѓето се прашуваа која е таа Македонија, кои се тие луѓе во Македонија што се супроставуваат на најсилната фашистичка држава во Европа која секоја недела, секој месец поробуваше поедини држави во Европа – вели Иванов.

 

Како што потенцираше претседателот на СПМ и во тешки услови борејќи се со најмоќните, македонскиот народ предводен од ентузијазмот успеа да создаде своја држава.

Да им кажеме на тие од внатре и надвор дека доста е со Македонија и дека вие никој пат не ни помогнавте ни во војните, ни во страдањата, ни во мирот, се што направивме, напарвивме ние самите и тргнете ги рацете од Македонија, освестете се, размислете. Нема да ве финансираат тие до крајот, ќе ве искористат како што ги користеа многу до сега генерации и ќе ве фрлат на боиштето ан ситоријата и народот ќе плука по вас – рече Иванов.

dsc_0032

 

Претстателот на СПМ Љубисав Иванов Ѕинго во завршното обраќање порача дека Социјалистите ќе остнат на браникот за одбрана на сопствената држава.

 

Loading...

dsc_0035

 

Критика за тоа дека социјалистите посебно го прославија празникот, одвоено од останатите претставници на политички партии, локална самоуправа и претставници од највиоскиот државен врв упати градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Ова јасно укажува во кој правец се движи рм поделена по сите основи не делат и на државни празници кои значат државотворност на Република македонија како што истакнав во совоето излагање ако не постоеше „11 Окотмври“ ќе ги немаше ни Илинден ни федералната единка Република Македонија, која 1991 стана независна Република Македонија. Жал ми е за ваков начин на покажување на ароганција и на поделби во Република Македонија, од ова свето место апелирам на сите разумни луѓе во македонија да почнеме да ја градиме заеднички граѓанска рм тоа е основниот мој концепт како може да опстане рм во една сфера како мултуиетничка, мултикултурна, и држава на сите граѓани на кои припаѓа – рече Дамјановски.

Инаку претставници на Социјалистичката партија на Македонија свежо цвеќе положија во 9:30 часот, а останатите половина час подоцна.