Во понеделник и вторник (3 и 4 октомври 2016 год.) ќе се врши дератизација против глувци на територија на Општина Куманово.
Loading...
Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае два дена, информираат од општина Куманово.