Со претставата „Име“ во изведба на актерите од Театар Комедија вчеравечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово беше отворено 19то издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“.
Loading...
[huge_it_gallery id=”423″]
Фестивалот кој ќе трае до 15ти овој месец ќе им понуди на кумановци одлична културна програма со вкупно 13 театри, како од Македонија, така и од земјите од регионот.
Изборот на претставите ветува дека ќе има голем интерес кај публиката и според она што го гледаме, се надеваме на иста посетеност во текот на целиот фестивал. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени – изјави директорот на кумановскиот Центар за култура Сашо Костовски.
Билитетите за фестивалот се веќе распродадени скоро за сите претстави, што зборува за традицијата на кумановскиот фестивал.
Честа да го затворат фестивалот ќе ја има кумановскиот театар со изведба на претставата „Бегај еве ја жена ти (Па не баш)“ во режија на Коле Ангеловски.