70-годишен кумановец тешко повреден откако со електричен велосипед удрил во врата од „голф“

Сподели со своите пријатели

Седумдесетгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со својот електричен велосипед удрил во врата од „голф“.

– На 23.05.2026 околу 16:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, М.А.(31) од с.Никуштак, општина Липково, го запрел возилото „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки и при отворање на возачката врата удрил во електричен велосипед, управуван од М.Љ.(70) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица повредени при судир на „голф“ и „кавасаки“ во Куманово

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски