Градската библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово, од денес па до сабота ќе биде домаќин на мини-саем на книгата, на кој посетителите ќе можат да дојдат до книга повеќе, како од странските, така и од домашните автори.
На саемот ќе бидат изложени најпопуларните дела во издание на издавачките куќи „Матица македонска“, „Лагуна“ и „Вулкан“, а книгите ќе бидат достапни по промотивни саемски цени со одредени попусти.
